понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Љубомир Савевски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Љубомир Савевски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го објавува списокот на повикани ракометарки за претстојниот собир во рамки на ЕХФ неделата во период од 22-30 ноември.

За време на ЕХФ неделата женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија во Стара Пазова, Србија.

На списокот на Савевски се најдоа деветнаесет ракометари, во кои изостана името на искусната Елена Ѓорѓиевска, но во селекцијата се враќаат Саздовска, Седлоска и Штериова.

Натпреварите се закажани за 27 и 29 ноември. Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 22 ноември во 12:00 часот во Хотел Александар Палас.