четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во околината на Њу Делхи затворени 11 електрани на јаглен

Во околината на Њу Делхи затворени 11 електрани на јаглен

Индија привремено затвори пет од вкупно 11 електрани на јаглен околу главниот град Њу Делхи, како дел од борбата против загадувањето на воздухот.

Затворањето на електраните на јаглен е преземен по наредбата на Комисијата за управување со квалитетот на воздухот на федералното Министерство за животна средина.

Комисијата за управување со квалитетот на воздухот, исто така, го забрани возењето камиони што превезуваат несуштинска стока и запре градежни работи во Њу Делхи и соседните градови.

Во наредбата се предупредува дека постои недвосмислена потреба дополнително да не се влошува квалитетот на воздухот.

Нивото на загаденост овој месец достигна сериозни размери, индексот на загаденост во Њу Делхи е дури 499 на скала од 500, што е предупредување дека и здравите луѓе се изложени на ризик од развој на респираторни заболувања. Нивото на мали честички ПМ2,5, кои можат да го загрозат респираторниот систем и да ја блокираат работата на белите дробови, во Њу Делхи е далеку повисоко од безбедносните упатства на Светската здравствена организација (СЗО).

Поради загадениот воздух од понеделникот затворени се сите училиштата во Њу Делхи на една недела, со цел да се заштитат децата од загадениот воздух.