вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Напад во Белгија: Убиени двајца полицајци и еден минувач, евакуирано средно училиште (ФОТО+ВИДЕО)

Напад во Белгија: Убиени двајца полицајци и еден минувач, евакуирано средно училиште (ФОТО+ВИДЕО)

Двајца полицајци се убиени во Белгија кога маж отвори оган кон нив во градот Лиж, во Белгија. Нападот се случил во средно училиште. Убиен е и еден минувач, а две лица се повредени.

Белгискиот весник „Ла либре“ известува дека маж отворил оган во кафулето „Cafe des Augustins“ во 10:30 часот, а потоа избегал во средното училиште „Ваха“ каде земал една жена за заложник.

Половина час подоцна тој бил совладан, а децата во меѓувреме евакуирани на безбедно.