Расходната страна од проектираниот Буџет за идната 2022 година, кој веќе влезе во собраниска процедура, навистина најмногу загрижува, смета Гордана Димитриеска Кочоска член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа во дебатното соочување во „Економски магазин“ на телевизија Алсат поцветена на Буџетот 2022, исткна дека ова е загрижувачко затоа што споредено со 2019 година кога немавме корона криза, вкупните расходи се зголемени за 25%, генерално за непродуктивни работи.
– Расходната страна најмногу загрижува. Во континуитет слушаме дека зборуваме за некаков развоен буџет, меѓутоа, ако погледеме 2019 година, која е година кога ние де факто немавме корона криза, потоа оична 2020-2021 корона кризата и логично е да погледнеме и се споредиме со 2019 кога немало корона и да видиме што планираме. И во однос на таа година гледаме дека за 25% имаме зголемување на вкупните расходи, вели Кочоска.
Таа посочува дека загрижувачко е тоа што зголемувањата на расходите не се за реализација на капитални проекти туку за плати и надоместоци, за стоки и услуги, за ПИОМ и за разни социјални трансфери, што биџетот го прават неразвоен.
– Она што повеќе загрижува е фактот дека имаме зголемување на плати и надоместоци за 80 милиони евра во однос на тој буџет. Имаме зголемување на строки и ислуги за 71,5 милиони евра, Фондот за ПИОМ 150 милиони евра зголемување. Различни социјални трансфери како вкупна ставка е 266 милиони евра повеќе во однос на 2019. И сега се поставува прашањето, што е тука развојно, запраша Кочоска.
Токму затоа, додаде таа, логично е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани каде што ќе побара одредени работи, кои што би биле во услуга на граѓаните и ќе намалиме во овој другиот дел кој што е непродуктивен.
Во однос на приходната страна на биџетот која предвидена е да се реализира, генерално преку даноци, односно ДДВ, Кочоска е оптимист дека сепак планираната проекција можеби и ќе се оствари.
– Ако гледаме како епроектирана приходната страна, ќе видиме дека најголемите очекувања за раст имаме кај ДДВ-то и кај увозните давачки, што автоматски упатува на фактот дека сеуште, увозната инфлација сериозно влијае и по логика на нештата, очекувано е дека проекцијата можеби и ќе се оствари, истакна Гордана Димитриеска Кочоска .