Напаѓачот на Реал Мадрид и Франција, Карим Бензема уште еднаш изрази надеж дека ќе биде победник на претстојната церемонија за доделување на Златната топка.
– Да видиме што ќе се случи… Но, се надевам дека ќе ја добијам. Среќен сум што се борам за наградата, излегувам на терен и постигнувам гол. Многу сум среќен. Се надевам дека се ќе продолжи вака. Во секој случај, Светското првенство треба да биде една од нашите цели, со оглед на тоа каков состав располагаме. Мораме добро да се подготвиме за да ги постигнеме нашите цели, а Светското првенство е еден од нив, се разбира, изјави Бензема.
Оваа сезона 33-годишниот напаѓач одигра 15 натпревари за Реал Мадрид во сите конкуренции, постигнувајќи 14 голови и осум асистенции.
Церемонијата на доделување на Златната топка ќе се одржи на 29 ноември во Париз.