Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.М.(39) од с.Поум, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 19.06.2021 во Струга, поради претходни меѓусебни недоразбирања, пријавениот со уште едно лице физички го нападнале Л.Х.(23) од с.Радолишта, струшко и му нанеле тешка телесна повреда.