На 24.11.2021 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ѓ.(38) од Куманово, поради сомнение дека со употреба на сила влегол во црквата Св.„Спас“ во населбата Долно Којнаре и одзел пари.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.