Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека партијата Алтернатива има две опции. Да влезе во влада, која според него е корумпирана и веројатно најлоша во историјата или да остане во опозиција.
-Немам информации каква одлука ќе донесат од Алтернатива, не сум разговарал со Африм Гаши на таа тема. Од алтернатива и од СДСМ најавија средба на највисоко ниво и наскоро ќе дознаеме дали е постигнат договорот, истакна Мицкоски.