Веднаш по извлекувањето на полуфиналните парови за пласман на Светското првенство, циришката ждрепка ја одреди и проекцијата за евентуалното финале.
Ако македонската селекција го мине полуфиналето против Италија, ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција и тоа на гостински терен.
Финале на баражот за пласман на Светското првенство:
Велс/Австрија – Шкотска/ Украина
Русија/Полска – Шведска/Чешка
Португалија/Турција – Италија/ Македонија
Финалните натпревари од европскиот бараж се играат на 28 и 29 март 2022 година.