недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Синоќа со ноќен радар санкционирани 37 прекршоци за пребрзо возење на територија на СВР Куманово

Синоќа со ноќен радар санкционирани 37 прекршоци за пребрзо возење на територија на СВР Куманово

Вчера (26.11.) во периодот од  16 до 22 часот на подрачјето на Куманово со употреба на уред за ноќно снимање спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 37 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.