среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Државјани на Куба нелегално влегле во Македонија

Државјани на Куба нелегално влегле во Македонија

На 26.11.2021 во 21:50 часот во близина на Гевгелија од полициски службеници од полициска станица Богородица е лишен од слобода Е.Ц. (28) од с.Долно Коњари, скопско, кој управувал патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола се пронајдени Р.С.Х. (37), Ц.С.Ј.П. (26) и В.Ц.Д. (25), сите од Куба, за кои по извршените проверки во службената евиденција е констатирано дека немаат остварено легален влез во државата.

Известен е јавен обвинител, мигранти се предадени на полициски службеници од полициска станица Богородица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.