среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рангник официјално нов тренер на Манчестер јунајтед

Рангник официјално нов тренер на Манчестер јунајтед

Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед го именуваше денеска Ралф Рангник за привремено решение на тренерското место до крајот на сезоната.

Германскиот стратег доаѓа на „Олд трафорд“ на местото на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, кому му беше врачен отказ на 21 октомври по првенствениот пораз од Ватфорд.

– Возбуден сум што му се приклучувам на Јунајтед и фокусиран сум на тоа ова да биде успешна сезона, изјави Рангник, кој за да седне на клупата на Манчестер јунајтед мораше да ја напушти должноста директор за спорт и развој во рускиот прволигаш Локомотив Москва.