сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени крадци од Куманово

Уапсени крадци од Куманово

На 26 ноември 2021 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Т.(19), А.Д.(19), М.С.(19) и К.К.(18), поради основано сомнение дека се сторители на кривично дело „разбојништво“.

Кривичното дело за кое се осомничени е извршено на 24 ноември 2021 во дворно место на Г.Н. во село Горно Којнаре. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.