СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.П.(63) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, на 30.10.2021 на објавен текст на електронски медиум од својот Фејсбук профил напишал коментар со содржина со која поттикнал омраза кон одредена група.