четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Какви жени бараат мажите во 20-тите, 30-тите и 40-тите? Еве го одговорот!

Какви жени бараат мажите во 20-тите, 30-тите и 40-тите? Еве го одговорот!

Жените со возраста ги менуваат своите ставови, цели, но и идеали кога станува збор за совршениот маж, па мажите не се ништо поразлично од нив по ова прашање.

Иако можеби малку подоцна од жените, сепак и тие ги менуваат своите идеали на подобро, како што стануваат повозрасни.

Погледнете што сакаат мажите во различни децении од животот:

Во 20-тите

Во овие години од животот тие преферираат квантитет, а со квалитетот не се оптеретуаат премногу. Приоритет им се површни работи како сексот без обврски и изгледот, а многу често изгледаат и како да немаат поим што навистина сакаат – бидејќи навистина не знаат.

Во 30-тите

Уште за време на доцните 20-ти почнуваат да сфаќаат дека квалитетот е многу поважен, а во 30-тите полека, но сигурно се префрлаат на тој начин на размислување. Тоа се години во кои сфаќаат дека е многу поважно да имаат некој покрај себе со кој ќе ого делат животот, а поттик за тоа гледаат во блиските кои веќе почнуваат да создаваат семејства.

Во 40-тите

Ако во овие години тие се сингл, тоа значи дека или имаат голем проблем со жените, или се веќе разведени. Ретко кој маж со кој сѐ е во ред ќе остане сам толку долго време. Ова се години во кои тие бараат жена со која ќе го поминуваат времето, која ќе биде самостојна, односно независна карактерно, но и финансиски.