Антоан Гризман во финишот на летниот преоден рок од Барселона премина во Атлетико Мадрид, односно се врати во клубот во кој ги имаше најдобрите партии во кариерата.
Дел од навивачите на Атлетико не му го простија трансферот во Барселона и на нож го дочекаа неговиот кам-бек, меѓутоа како што одминува времето односите се нормализираат, Гризман е се подобар и токму од фановите ја доби наградата за играч на месецот.
– Многу сум среќен, секогаш е потребна поддршката од навивачите и секогаш се трудите да го дадете најдоброто од себе на натпреварите, но и надвор од теренот, кога ќе сретнеме луѓе. Ова е радост и се надевам дека ќе дојдат повеќе [индивидуални признанија].
– Ми требаше малку време за да се подобрам. Многу промени во тактиката, ритамот и други работи што ги бара тренерот. Знаев дека, со довербата на тренерот, соиграчите, клубот и навивачите, ќе се снајдам добро. Се чувствувам многу добро, уживам и ова ќе продолжи да се подобрува, – рече Гризман и се осврна на наредниот период.
– Следуваат многу важни, убави натпревари.Ќе играме и ќе ги живееме со нашите навивачи. Ќе направиме се што е можно за да бидеме добро и да им подариме на нашиот луѓе и себеси многу убав Божиќ. Имавме многу добра недела да се соочиме со она што ни доаѓа. Ќе биде важно да ги земеме трите бода против Мајорка. Ќе биде тешко, но групата е фокусирана на победа, – порача Французинот.