понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Ставени во функција дел од подземните контејнери во центарот на Кочани (Фото)

Ставени во функција дел од подземните контејнери во центарот на Кочани (Фото)

На три од петте предвидени локации во централното градско подрачје на Кочани се ставени во функција подземните контејнери за хартија, пластика и комунален отпад.

Граѓаните веќе можат да го селектираат отпадот на две локации во Трговскиот центар и кај новиот станбен комплекс на улицата „Стево Теодосиевски“, со што досегашното депонирање на отпадот на јавните површини се заменува со похигиенско, подземно складирање.

Одговорните служби повикуваат на висока јавна свест при исфрлањето на отпадот во подземните контејнери, што ќе биде чекор напред за унапредување на јавната чистота во локалната средина.