Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали очекува драстично зголемување на цената на струјата и колку ја чини до сега тоа државата истакна дека доколку владата презема мерки на време односно некаде април мај тогаш денес ситуацијата би била поразлична и помалку сето тоа би ја чинело државата.
„Еве денеска со регионалната стопанска комора во Прилеп веќе зборувавме со стопанствениците сметките и договорите кои што ги потпишуваат за следниот период за набавка на електрична енергија се зголемени 2 и пол до 3 пати некои дури кажаа и повеќе. Но тоа е за оние компании кои што се снабдуваат од трговците, од снабдувачите. Оние кои што се снабдуваат од универзалниот снабдувач ќе мора да ја чекаат одлуката на регулаторна комисија која што треба да ја донесе крајот на овој месец или почетокот на месец јануари. Дали ќе има, ќе има, прашањето е колку. Навистина не би сакал сега да зборувам за бројки но мислам дека ќе биде чувствително тоа зголемување и ќе биде алармантно. Дали можеме да излеземе од оваа ситуација денеска 3 декември ако направиме пресек, можеме да ,но тоа ќе не чини многу пари. Кога зборуваме за многу пари зборуваме можеби за 20 -30 милијарди денари ако сакаме да излеземе од оваа криза односно само да ја поминеме безболно, да нема некој посериозен ценовен шок.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додадени дека доколку владата презема мерки на време односно некаде април мај тогаш денес ситуацијата би била поразлична и помалку сето тоа би ја чинело државата.
„Ние побаравме 15 милијарди денари итна помош за граѓаните и за стопанството кое што се снабдува со електрична енергија од универзалниот снабдувач но најмалку уште толку ќе треба и за компаниите кои што се снабдуваат со електрична енергија од другите трговци. Ако се преземаа мерки таму некаде април-мај тогаш состојбата ќе беше многу поразлична и неточни се оние тези од страна на владата кои што велат дека била ова енергетска криза секаде во Европа, да секаде во Европа но прашањето е колкава е цената која што ќе ја платат. Ако се преземаа мерки наместо да се краде, да се работи да се копа во април мај денеска ќе требаше пари, но немаше да требат толку, односно ќе требаше два до три пати помалку. Еве најнова информација ЕСМ набавува електрична енергија бидејќи не ја произведува во декември за првите 12 дена и веќе потроши 6,2 милиони евра. Веќе потроши на јавна аукција 6,2 милиони евра и ја плати историски најскапата цена од 320 -325 евра за мегават/час. Тоа се пари на граѓаните. Повторно на крај ние ќе ги платиме за жал ние два пати ја плаќаме неспособноста на оваа власт. Еднаш ја плаќаме кога крадат а велат дека копаат и втор пат сега бидејќи не произведуваат тоа што треба да го произведуваат. За жал ситуацијата е таква затоа велам потребни се предвремени парламентарни избори“ истакна Мицкоски.