вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Пепа Димитрова снима нов спот: Уживав! (ФОТО)

Пепа Димитрова снима нов спот: Уживав! (ФОТО)

После се’ уште актуелната „Длабоко“, Пепа Димитрова веќе ја заврши новата песна и снима нов спот. Се работи за брза и модерна песна, насловена „Со тебе немам сон”, потпишана од Весна Малинова и Владимир Дојчиновски Дојчин. Спотот го работи Зоран Стојановски Зонде.

По она што се гледа од сликите, Пепа повторно ќе има несекојдневен видео запис.

-Песната влегува во уво од прво слушање. Ќе ја промовирам заедно со спотот кој во моментот е во фаза на пост-продукција. Направивме модерна песна и модерен спот. Уживав додека снимав и се надевам дека ќе и се допадне на публиката-вели Пепа Димитрова.