На 12ти декември, ВМРО-ДПМНЕ го закажа својот редовен Конгрес. Како претседател на општинскиот комитет Гази Баба кој претставува бастион на ВМРО-ДПМНЕ, по последните избори и нов градоначалник на општина Гази Баба, како делегат на Конгресот, а врз основа на член 34 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, со особено задоволство го ставив својот потпис за номинација на претседателот Христијан Мицкоски за нов мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, стои во Фејсбук статусот на Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.
Тој напиша дкеа ВМРО-ДПМНЕ последните четири години била исправена пред сериозни предизвици со кои партијата под раководство на претседателот Мицкоски успешно се справи, за краток период ја консолидираше партијата и го обедини членството, а тоа особено се потврди со резултатите на локалните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата и граѓаните убедливо го порази СДСМ.
– На ВМРО-ДПМНЕ во следните четири години и треба раководство кое ќе има можност да ја води партијата кон победа на предвремени парламентарни избори и потоа со формирање влада да ја води и Република Македонија кон напредок и развој, додава Стефковски во својата Фејсбук објава.