Еден навивач облечен како судија имаше неуспешен обид да влезе во теренот на мечот меѓу Јувентус и Џенова, но направи шоу крај трибината.
Редарите на Јувентус реагираа брзо и го фатија навивачот кој сакаше да влезе на теренот. Тој им покажа по некој жолт картон, а потоа од обезбедувањето беше исфрлен од стадионот.
Навивачот кој сакаше да влезе на теренот се вика Паоло Сфорца и тој преку социјалните медиуми својот гест го правда велејќи дека тоа го прави за да собере пари за хуманитарни цели и свесност откако новинарката Грета Бекаља беше сексуално вознемирена по мечот меѓу Емполи и Фиорентина минатото коло.