вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нова ера во кралскиот клуб: Пет кандидати за наследник на Зидан

Нова ера во кралскиот клуб: Пет кандидати за наследник на Зидан

Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид, објави денеска францускиот фудбалски стручњак.

На прес-конференцијата, Зидан на ги извести новинарите дека оваа одлука е негова и е донесена самостојн.

Под негово водство Реал изминатите три години ја освои Лигата на шампионите, двапати го подигна трофејот на Светското клупско првенство и Суепр купот на УЕФА, а има и една шампионска титула во Шпанија.

Спортските обложувалници не чекаа премногу за да ги извадат квотите за тоа кој ќе биде нов тренер на Реал Мадрид. Прв избор за замена на Зизу на клупата на кралскиот клуб е тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, за кого е дадена квота 1,80, како втор фаворит се споменува поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, чија квота е 2,50, додека со по 8 квота се германскиот селектор Јоаким Лев, Антонио Конте и Маурицио Сари.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека одлуката на тренерот Зинедин Зидан за напуштање на клубот е неочекувана за него. Денес на ненајавена прес-конференција францускиот фудбалски стручњак објави дека ја напушта тренерската функција.

-По триумфот во Лигата на шампионите, ова е многу неочекувана одлука, но можеме да ја прифатиме само со почит. Тоа беше удар за мене кога дознав за тоа. Би сакал да го убедам Зинедин, но јас разбирам дека тоа нема да се случи. Сакам да му се заблагодарам на тренерот за се што направил за Реал Мадрид во изминатите години. Не велам збогум, само кажувам, до следната средба. Ако му треба малку одмор, тој го заслужува тоа, изјави претседателот на Реал Мадрид.

Зидан го предводеше Реал до девет титули вклучувајќи ги и трите последователни во ЛШ од 2016 година кога дојде на тренерската позиција.