вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави испратил брутална порака до играчите на Барса во соблекувалната во Минхен

Чави испратил брутална порака до играчите на Барса во соблекувалната во Минхен

Чави Ернандес не го криеше големото разочарување по поразот од Баерн Минхен и огорчено нагласи дека мора да се соочи со суровата реалност, која во овој момент е испаѓање од Лигата на шампионите и продолжување во второто по ранг европско натпреварување.

Барса ќе игра во Лигата на Европа за првпат по 2004-та година, натпреварување за кое Чави нема никакво потценување, но кое смета дека не одговара со традицијата и историјата на каталонскиот великан.

На прес-конференцијата во Минхен, Чави потенцираше дека Барселона го допрела дното и започнува една нова етапа, во која сите ќе мора добро да се потрудат за да го вратат клубот онаму кадешто заслужува.

Реконструкцијата на Барса претставува подолг процес и истиот ќе донесе и неколку болни одлуки од Чави, кој вчера без влакна на јазикот им порачал на одредени фудбалери дека набрзо нема да бидат дел од првиот тим.

– Некои од вас не сфаќаат што значи да се игра за Барселона, – им порачал револтираниот Чави на фудбалерите во соблекувалната, фраза која ја открива угледниот каталонски „Спорт“ кој редовно добива инсајдерски информации од клубот.