четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рангник: Говорот на телото и физичката подготовка ги потенцирам како најголеми проблеми

Рангник: Говорот на телото и физичката подготовка ги потенцирам како најголеми проблеми

Англискиот фудбалски гиганр Манчестер Јунајтед на втор натпревар во низа сочува „чиста мрежа“ во Премиер лигата, а тоа го направи под водство на новоименуваниот тренер, Ралф Рангник.

Јунајтед го скрши мразот против тимот кој е фенерџија во Премиер лигата и победи благодарение на голот од пенал кој го постигна Кристијано Роналдо, а тесната победа пропратена со неколку добри реакции на Де Хеа во завршницата, го натераа Рангник да го детектира најважниот проблем во неговиот тим.

Норвич играше доста агресивно и проактивно на нашата половина, па многу значеше каков ќе биде нашиот пристап. Искрено, посакував да имаме поголем интензитет во нападот, подобра физичка подготовка за да ги добиваме дуелите еден на еден. Во некои делови бевме добри, целата одбрана беше во ред, заедно со голманот Де Хеа. На полувреме побарав од играчите да го подигнат интензитетот и да го забрзаат ритамот. Имавме среќа што сочувавме „чиста мрежа“, но ова е втор меч без да примиме гол, а тоа е добра стартна позиција. Сепак, говорот на телото и физичката подготовка ги потенцирам како најголеми проблеми кои можеме да ги подобриме, – заклучи Рангник.