петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Г7 ја предупреди Русија на тешки последици доколку ја нападне Украина

Г7 ја предупреди Русија на тешки последици доколку ја нападне Украина

Шефовите на дипломатиите на групата седум најразвиени демократии (Г7) денеска ја предупреди Русија за „тешките последици“ доколку претседателот Владимир Путин ја напдне Украина, се наведува во нацрт-изјавата што ја добија британските медиуми.

На самитот во северниот англиски град Ливерпул, претставниците на Г7 изјавија дека се обединети во осудувањето на руското трупање сили во близина на Украина и ја повикаа Москва да ја смири ситуацијата.

„Русија не треба да се сомнева дека натамошната воена агресија против Украина ќе има големи последици и голема цена“, се наведува во нацрт-изјавата, наведуваат извори од Г7.

Украина е во центарот на кризата во односите Исток-Запад и ја обвинува Русија дека собира десетици илјади војници кои се подготвуваат за можна воена офанзива од долг дострел.

Русија негира дека планира напад и ги обвинува Украина и САД дека се однесуваат дестабилизирачки и соопшти дека ѝ требаат пишани гаранции заради нејзианта безбедност.