недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Хрватскиот премиер Пленковиќ во официјална посета на БиХ

Хрватскиот премиер Пленковиќ во официјална посета на БиХ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска допатува во официјална посета на БиХ, при што ќе престојува во Сараево и во Мостар. Целта на неговата посета е да испрати порака за интегритетот на БиХ и потребата од дијалог и намалени тензии во соседната држава.

„Пораката со која одиме во БиХ е знак и сигнал за пријателство, добра волја, добрососедство, соработка, порака за интегритетот на БиХ, но и порака дека сите три конститутивни народи (…) се чувствуваат добро и адекватно застапени“, рече Пленковиќ.

На хрватскиот премиер му беше приреден свечен пречек пред Советот на министри и Парламентот на БиХ, по што заедно со неговиот домаќин, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, започнаа официјални разговори во кои ќе учествуваат и министри.

Во хрватската владина делегација се и министерот за финансии Здравко Мариќ, министерот за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ, министерот за море, транспорт и инфраструктура Олег Бутковиќ и државната секретарка за европски прашања Андреја Метелко-Згомбиќ.

Од босанската страна на разговорите учествуваат министерот за финансии Вјекослав Беванда, министерот за надворешна трговија и економски односи Сташа Кошарац и министерот за врски и транспорт Војин Митровиќ.

Премиерот Пленковиќ ќе се сретне и со лидерите на двата дома на Парламентот на БиХ.