среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

НАТО верува дека Русија се однесува агресорски кон Украина

НАТО верува дека Русија се однесува агресорски кон Украина

НАТО верува дека Русија се однесува како агресор кон Украина и тоа мора да се промени, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата во Брисел, по средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски.

-Гледаме значителна акумулација на воени сили околу Украина, тенкови и многу опрема. Тоа е неоправдано и ја поткопува безбедноста на Украина и Европа, рече Столтенберг, пренесен од агенциите.

Генсекот на НАТО нагласи дека Алијасната нема да прави компромиси „за правото на Украина да го избере својот пат, ниту пак за правото на Алијансата да ги штити и брани своите сојузници“.

Тој додаде дека соработката на НАТО со Украина е од одбранбен карактер и не претставува закана за Русија. (МИА)