четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Носеше црни вреќи со пари, но мајката на Синан денес живее без греење – нејзината внука ја избркала со право од дома денот кога умрел тој!

Носеше црни вреќи со пари, но мајката на Синан денес живее без греење – нејзината внука ја избркала со право од дома денот кога умрел тој!

Мајката на покојниот Синан Сакиќ, Ѓулка Сакиќ тешко ги поминува старечките денови.

Имено, таа вели дека е стара и осамена, без дрва и уште неколку намирници кои и се најпотребни за да нејзината старост биде полесна.

Ѓулка живее во зградата, но без парно греење. Нема ни дрва. Пензијата која ја зема од нејзиниот починат сопруг кој беше воен музичар е премала. Во последно време нема помош од никој.

-Додека беше жив Синан ме чуваше, гледаше и помагаше како најдобар син, а после него ме чуваше синот Аган кој во последно време не е тука, си има и тој своја мака, па почесто е во Белград, вели Ѓулка за „Новости“.

Никој друг не и помага освен неколку соседи.

-Им благодарам сите. Ме почитуваат и ме сакаат, а тоа понекогаш најдобро грее, вели мајката на Синан.

– Ја изгубив ќерката Косана, потоа него, па мојот брачен другар Рашида. Се ова е непролазно, а животот еве тече, вели таа.

Таа не сакала да открие зошто роднините не сакат да и помогнат.

По ова се огласи и нејзината внука, ќерката на пејачот Сакиќ.

-Таа навикна да манипулира со луѓето. Татко ми скоро целиот живот не разговараше со неа, кај нас во куќата имаше и поткровје кое било припремено за неа за да живее со нас. Тоа беше уште пред 20 години, но таа не сакаше. Јас од неа се одреков уште додека татко ми беше жив и таа се одрече од мене, вели Џулкица.

Таа раскажува и дека кога пејачот бил на смртна постела отишла да ја земе за да го види во болницата во Тузла, но таа и рекла „што ќе правам јас таму“.

-Јас неа ја избркав и од куќата кога умре татко ми бидејќи правеше селфи и се смееше со некоја комшика. И викнав такси и нејзиниот син ја испрати, за да не прави фама пред новинарите кои беа собрани пред нашиот дом, а таа се смееше целото тоа време, раскажува Џулкица.

Најнови вести