недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Возачите во Шпанија не смеат да носат зимски јакни, казните се огромни

Возачите во Шпанија не смеат да носат зимски јакни, казните се огромни

Во Шпанија е забрането да се вози возило во зимска јакна.

Можеби на почетокот звучи лудо, но оваа казна се заснова на вистински факти. Првата и најважна работа е што зимската јакна го ограничува возачот додека вози, попречувајќи му ги движењата и спречувајќи оптимална реакција во итни ситуации. Да не зборуваме дека истото важи и за ракавиците, а во Шпанија ќе бидете казнети дури и да возите со шал околу вратот.

И казната не е мала. За овој прекршок возачот ќе плати казна од 200 евра.

Минатата година германскиот ADAC објави дека зимската јакна за време на возењето резултира со уште еден проблем и тоа важи за возачот, но и за сите патници кои користат појас. Имено, дебелата јакна го спречува оптималното затегнување на ременот, кој при судир може да се лизне подолу преку стомакот и да предизвика повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб или слезината, па дури и да доведе до внатрешно крварење.

Доколку не сакате таков ризик, ставете го појасот под палтото или јакната, советува ADAC. Се разбира, тоа не е правило ако патувате во Шпанија.