сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Софија Гоџа до седма победа по ред во спуст

Софија Гоџа до седма победа по ред во спуст

Софија Гоџа славеше спуст трката во Вал Дизер во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Италијанката до својата 11-та победа во оваа дисциплина во кариерата, а седма по ред дојде со време од 1:41,71 минути. Зад неа со 27 стотинки задоцнување финишираше Бризи Џонсон од САД, додека место на подиумот имаше и за Миријам Пухнер од Австрија.

Гоџа сега е лидер во спуст со 300 бодови и во генералниот пласман со 535 бодови. Втора е Микаела Шифрин со 10 бодови помалку, додека трета во поредокот е Петра Влхова со 340 бодови.