сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалничката Арсовска оствари средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто

Градоначалничката Арсовска оствари средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

На средбата се разговараше за предизвиците кои во наредниот период го очекуваат Градот Скопје, како и проектите кои веќе почнаа да се реализираат. Приоритетите на новата градска администрација се креирање на подобар квалитет на животот за граѓаните, како и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Градот Скопје.

На средбата беше договорено да се интензивира соработката меѓу Република Унгарија и Градот Скопје со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните. Министерот Сијарто и посака на Арсовска успешна работа како градоначалничка на Скопје.

Најнови вести