четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

МЕРЦЕДЕСОТ C200 ИЗГОРЕЛ ЗА НЕПОЛНИ ТРИ МИНУТИ – во движење се запали автомобилот на претседателот на Стопанската комора за енергетика

МЕРЦЕДЕСОТ C200 ИЗГОРЕЛ ЗА НЕПОЛНИ ТРИ МИНУТИ – во движење се запали автомобилот на претседателот на Стопанската комора за енергетика

Нема жртви и повредени лица откако синоќа во движење се запали „мерцедесот“ на претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија Ѓорги Манасков на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје север.

Манасков во возилото бил со сопатник и никој не бил повреден, објави тој на својот фејсбук-профил.

Од Стопанската комора инфомираат дека брзата интервентна полиција што била во близина и противпожарната екипа веднаш реагирале, но не успеале да го изгаснат возилото „мерцедес С200“, кое изгорело за неполни 3 минути.