сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ВОЗАЧИ ВНИМАТЕЛНО: Полицијата напиша 271 казна за брзо возење

ВОЗАЧИ ВНИМАТЕЛНО: Полицијата напиша 271 казна за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач. Од нив четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 152 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.