петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На територија СВР Охрид казнети 12 возачи

На територија СВР Охрид казнети 12 возачи

На 23.12.2021 година од 06 до 10 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се зајакнати сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 12 возачи на моторни возила кои, во населено место управувале автомобил со брзина, поголема од дозволената (Охрид-01, Струга-06, Кичево-03, Дебар-02) и 05 возачи кои надвор од населено место управувале со поголема брзина од пропишаната (Охрид-04, Дебар-01).

Полициските службеници во Охрид, поднесоа соодветни платни налози кон 04 возачи на моторни возила кои, на коловоз извршиле непрописно престигнување.