среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Рачна бомба пронајдена на патот Дебар- Струга

Рачна бомба пронајдена на патот Дебар- Струга

На 23.12.2021 околу 09.30 часот во ОВР Дебар било пријавено дека покрај регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на Дебар, била пронајдена рачна бомба.

Увид на местото извршиле екипи од ОВР Дебар и Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, а бомбата била безбедно подигната од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.