Фенербахче го смени досегашниот тренер, Португалецот Витор Переира, па сега прва желба на раководството е да го донесат Лев во своите редови.
Италијанскиот новинар Николо Шира објави дека Турците ја испратиле понудата до Лев, за две ипол годишна соработка, па сега Германецот треба да реши дали ќе ја прифати, а во изминатиов период тој е без работа откако замина од клупата на Германија по неуспешниот еврошампионат.
Лев беше селектор на Германија од 2006 година после Мундијалот што се одржа во неговата земја, а во неговата кариера стигна до светска титула во 2014 година во Бразил.