Само две недели по смената на Вујовиќ и три натпревари со Владо Недановски како привремен тренер кој забележа две победи и едно реми, македонскиот шампион Вардар 1961 назначи нов предводник.
45-годишниот Давид Дејвис со Вардар 1961 подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ги почнат на десет јануари и истите ќе се одвиваат во Скопје.
Веќе во февруари почнуваат натпреварите од домашната лига, продолжува Лигата на шампионите, а ќе почнат и дуелите од СЕХА лигата.
По ремитo во Битола, против Еурофарм Пелистер за Вардар е нешто поблиску до одбрана на титулата во домашното првенство. Остануваат шансите за продолжување во осминафиналето на Лигата на шампионите.
На почетокот од февруари продолжува Суперлигата, каде преостануваат уште шест кола до разигрувањето, а првиот европски натпревар новиот вардаров предводник ќе го има на 16 февруари 2022 година против Монлелје во Франција.