Ливерпул го претрпе вториот пораз од стартот на сезоната во Премиер лигата, но покрај голот на Адемола Лукман, клучен фактор за ваквиот исход беше и Каспер Шмајхел.
Голманот на Лестер правеше чуда во неколку наврати, но дефинитивно, одлучувачки момент беше оној во првото полувреме кога му одбрани пенал на Мо Салах при резултат 0:0.
Данскиот чувар на мрежата ја прочита намерата на Египќанецот и го одбрани неговиот удар, а потоа имаше и огромна среќа бидејќи Салах натрча на одбиената топка, но ја погоди само гредата.
– Не го имав простудирано Салах. Имав само чувство во себе и тргнав по него. Во такви моменти мора и да се молите. Одбиената топка заврши кај него, последниот пенал кој го одбранив тука, на крајот заврши во гол по одбиената топка.
– Кога играте против ваков противник, потребна ви е и среќа. Против тимови како Сити и Ливерпул, наша цел е повремено да ја имаме топката во своите нозе, иако знаеме дека во долги период нема да ја имаме кај нас. Имавме пеколни два дена, бевме изморени по мечот со Сити и затоа овие перформанси се извонредни. Ова е награда за тоа што не се откажуваме, – порача Шмајхел.
Видеото може да го погледнете ТУКА