Метеоролозите најавуваат одлично време за првите денови од Новата година, а бидејќи речиси сите граѓани ќе бидат дома викендов, одлично време е да заминете на планина.
Снег во Македонија има на Попова Шаока, Маврово, Пониква, како и Крушево.
Во моментов снег не врне никаде, но на Попова Шапка според видео камерите паѓаат по неколку снегулки.
УХМР најавува и пролетни температури во следните денови, па тоа е одлично време да го поминете на места каде има снег како што и доликува на Новата година – со снег.