петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Наполи доведува фудбалер на Манчестер Јунајтед

Наполи доведува фудбалер на Манчестер Јунајтед

Италијанскиот фудбалски тим Наполи го донесоа првото засилување во зимскиот преоден рок. До крајот на сезоната, во Неапол, ќе престојува Аксел Туанзебе.

24-годишниот дефанзивец, како позајмен играч од Манчестер јунајтед ќе настапува за Наполи. Туанзебе, сезоната ја започна во Астон Вила, кај Дин Смит, започна шест натпревари, но под водство на новиот менаџер Стивен Џерад одигра само осум минути. Наполи позајмицата ќе ја плати со 500.000 евра.

Лучано Спалети мораше да го засили последниот ред од одбраната, откако Костас Манолас се пресели во Олимпијакос, а наредниот месец тимот ќе биде без Калиду Кулибали, кој ќе настапува за Сенегал на Африканскиот куп на Нации.