Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 26 санкции, 23 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.