вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Васовски пред интернационален предизвик

Васовски пред интернационален предизвик

Поранешниот тренер на Вардар и досегашен предводник на Академија Пандев, Александар Васоски е на добар пат да стане стратег на фудбалскиот клуб Сараево.

Медиумите во Босна и Херцеговина веќе информираа дека Васоски се договори со клубот од „Кошево“ и ќе застане на клупата на овој тим за кого долго време настапува Крсте Велкоски.

Оваа вест ја потврди и самиот Васоски кој се радува на оваа задача, но притоа порача да се има трпение, односно официјално да се потврди договорот.

-Разговаравме и на добар пат се да биде дефинитивно. Велам, имам уште една формална работа да завршам во Македонија и затоа ви кажав дека 99 отсто сум нов тренер на Сараево. Да оставиме да биде официјализирано. Многу ми значи. Одличен клуб, одлични навивачи, традиција, трофеи… Но ве молам почекајте уште малку и тогаш ќе можеме да зборуваме многу поконкретно за сè, -додаде Васоски.