Пејачката Ана Бекута, која првпат настапи за дочекот на Новата година по смртта на нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ, се врати на снимањето на Ѕвездите на Гранд во кое е долгогодишен член на жирито.
Ана направи кратка пауза по големата загуба, но сепак се врати во јавноста и ги воодушеви фановите кои ја следеа од сабота до сабота на малите екрани.
Таа се појави цела во црна комбинација и со насмевка застана пред новинарите, шегувајќи се со нив, но на прашањето како се чувствува кратко одговори.
– Тажно, но нема да зборувам за тоа, рече Ана и веднаш се повлече.
Да потсетиме, четириесетдневниот помен за Милутин Мркоњиќ се одржа на 6 јануари на Новите гробишта во Белград. Пејачката Божиќ го поминала надвор од Белград, кога со внукот посетила манастир во Босна и Херцеговина, а за внуците истакнала дека тие и биле најголемата утеха по смртта на Мрка. Покрај нив и лојалната публика и музика.