Стивен Џерард имаше свое враќање на стадионот кај најомразениот ривал од својата играчка кариера, овојпат како тренер на Астон Вила во рамките од третото коло на ФА Купот.
Гостите од Бирмингем создадоа многу шанси, во повеќе наврати го тестираа Де Хеа и еднаш ја погодија неговата мрежа, но голот беше поништен поради корекција на ВАР и на крајот како клучен се покажа раниот гол на МекТоминеј.
Манчестер Јунајтед победи со минимални 1:0 и се пласираше во наредната рунда, но со оглед на долгото и озлогласено ривалство со Јунајтед, Стиви Џи беше жестоко пречекан од домашните фанови на „Олд Трафорд“.
Поранешниот капитен на Ливерпул беше исвиркан во повеќе наврати, а во ситуација кога не беше задоволен од елиминацијата која ја оцени за незаслужена, не пропушти да ги „пецне“ навивачите на Манчестер Јунајтед.
– Свирежите од трибините? Тоа беше релативно тивко, ништо посебно. Сум бил на многу погласни стадиони од овој. Ова беше добра куп пресметка, но ако гледаме што добив на крајот, добрата игра немаше никаков ефект за нас, – изјави Џерард.
An #EmiratesFACup 𝗹𝗲𝗴𝗲𝗻𝗱 returns 🙌#EmiratesFACup pic.twitter.com/397cqwa3ou
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 10, 2022