недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

РАСКОЛ ВО ВЛАСТА – Димитров не му верува на Османи:„Сака да го реши спорот со Бугарија по секоја цена па и на штета на Македонија“

РАСКОЛ ВО ВЛАСТА – Димитров не му верува на Османи:„Сака да го реши спорот со Бугарија по секоја цена па и на штета на Македонија“

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на денешната прес-конференција изјави дека бил пречка за лошо решение со Бугарија, а посочи дека нема доверба во министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според Димитров, министерот Османи сакал успех по секоја цена да се реши прашањето со Бугарија. Димитров додаде: „Прашањето е поважно од Владата, од оваа, од следната, од сите“.

– Да, немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, со оглед на моето искуство на интерните координации, средбите во Брисел. Имам чувство дека таму има ‘драјв’ за успех по секоја цена, што мислам дека е опасен и не продуктивен. Можеби грешам и се надевам дека грешам, кажа Димитров.

Посочи дека македонскиот јазик е интимна работа и е наш, а државата е независна, па затоа, право и должност е достоинството да се зачува. Тој кажа дека одбил понуда да биде амбасадор во Вашингтон и рече:

– Тоа не само што ќе ме тргнеше од дома, туку и ќе ми го врзеше зборот.

Тој додаде: „Има причини и потреба од посебна будност за ова прашање“.

Најнови вести