вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Причината поради која државата оди назад има име и презиме, се вика Зоран Заев

Мицкоски: Причината поради која државата оди назад има име и презиме, се вика Зоран Заев

Во гостувањето во централниот Дневник на Телевизија Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека има само една причина поради која државата оди назад.

-Таа причина има и свое име и презиме и се вика Зоран Заев. Така што, во тој дел од нивната критика можам апсолутно да се сложам, да државата оди назад и ќе повторам поради една причина, причината има име и презиме и се вика Зоран Заев, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека суштината на политичар кој се занимава со политика е главен и основен предизвик а му биде како да го направи животот на своите сограѓани подобар.

-Зоран Заев за жал во тоа не успеа изминатава година дена, доволно беше ехото кое што се слушаше на платото пред Владата на Република Македонија. Јас навистина можам од овде да порачам дека ако вака се продолжи да се осиромашува и да се влече назад Република Македонија, можеби само еден ќе биде губитник во случајот, а тоа е народот на Република Македонија. Јас не би сакал тоа да се случи и токму поради таа причина тој ден многу јасно, многу гласно, многу прецизно побаравме предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски во гостувањето на Сител Телевизија.

Најнови вести