петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Медведев со голем пресврт обезбеди полуфинале на Австралија Oпен

Медведев со голем пресврт обезбеди полуфинале на Австралија Oпен

Познати се сите полуфиналисти на Австралија опен, откако попладнево вториот светски рекет, Русинот Данил Медведев, иако губеше со 0-2 во сетови и спаси една меч топка, го совлада на крајот Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим со 6-7 (4), 3-6, 7-6 (2), 7-5, 6-4.

Последниот патник во полуфиналето на грен – слем турнирот во Мелбурн беше познат по 4 часа и 38 минути игра.
Медведев во полуфиналето ќе игра против Гркот Стефанос Циципас, кој во средата го совлада Италијанецот Јаник Сибер (3-0), додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Италијанецот Матео Беретини и Шпанецот Рафаел Надал. Машките полуфинални натпревари се на програмата в петок.