петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Приведени тројца крадци од радовишко, фатени на дело

Приведени тројца крадци од радовишко, фатени на дело
фото илустрација

На 27.01.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.И.(21) од с.Подареш, радовишко, Д.И.(20) и Т.Н.(22), двајцата од с.Ињево, радовишко.

Во 22.45 часот на ул.„Широк дол“ во Штип тие биле затекнати при вршење тешка кражба во обид во патничко моторно возило „опел астра“.

На местото биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

По комплетно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.