вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Вулин вели дека Звицер има мотив за да го убие Вучиќ

Вулин вели дека Звицер има мотив за да го убие Вучиќ

Звицер сака да му се одмазди на Вучиќ, имаме претпоставки каде се наоѓa, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин.

Тој вели дека организираната криминална група, која наводно ја предводи Радоје Звицер, сака да му се одмазди на претседателот на Вучиќ, затоа што државата успеа да ги разбие големите нарко картели.

Вулин за РТС изјави дека тој не работи сам, туку дека има политички шеф.

Рече дека тој политички шеф не е во Србија, туку е дел од структурите на власта на некои наши блиски држави, но не кажа имиња.

Властите во Србија деновиве соопштија дека криминална група му подготвувала атентат на Вучиќ за во февруари. Сметаат дека опасноста не е целосно отстранета по животот на Вучиќ.