сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Град Скопје продолжува со акцијата за обезбедување оброци на граѓани од социјално ранливи категории

Град Скопје продолжува со акцијата за обезбедување оброци на граѓани од социјално ранливи категории

Овој викенд продолжува акцијата со која се обезбедуваат оброци на граѓаните од социјално ранливите категории, од страна на Град Скопје во соработка со здружението Љубезност и Ретвитни оброк.

Денес на акцијата присуствуваше Филип Јаневски, советник во Совет на Град Скопје, кој заедно со волонтерите на РеТвитни оброк и здружението Љубезност поделија оброци на бездомните лица.

Средствата во висина од 32 илјади евра кои што поранешниот градоначалник ги предвидел за угостителски услуги, сега градоначалничката Арсовска ги пренамени за помош на граѓаните од социјално ранливи категории.